АктуелноИнтернационално

Кремељ: Франција е учесник во конфликтот во Украина

Франција е де факто учесник во конфликтот меѓу Руската Федерација и Украина, ќе биде тешко таа да се класифицира како неутрална држава која може да ја преземе улогата на модератор, изјави Дмитриј Песков, прес-секретар на претседателот на Руската Федерација, коментирајќи за можноста за организирање самит за мировен договор со Украина во Париз.

„Не сум видел ниту слушнал никакви официјални изјави од претседателот на Франција за ова прашање. Но, во овој случај, Франција тешко може да се класифицира како неутрална држава, држава која може да има некаква улога на модератор. Да речеме, како Бразил, како НР Кина, како африканските земји или како Ватикан“ – изјави Песков.

Прес-секретарот со остра реторика Франција ја оцени како учеснник во конфликтот и додаде дека земјата еден ден треба да поднесе одговорност за ова.

„Франција повеќе не може да го прави ова, бидејќи Франција е де факто активен учесник во овој конфликт, згора на тоа, таа е учесник од украинска страна. И Французите треба да одговараат за ова“, рече Песков во интервјуто со новинарот Павел Зарубин.

Францускиот претседател Емануел Макрон го покани Володимир Зеленски да одржи „мирен самит“ за Украина во Париз, Данска и Шведска дадоа слични предлози, објави Волстрит журнал, цитирајќи изјави од европските дипломати.