АктуелноНастани

„Лесновските ѕвона“ 2023 петнаесетта поетска средба во Музејот на Град Кратово

Утре (сабота) со почеток во 12 часот во Кратово ке се одржи манифестацијата ‘Лесновските ѕвона’ во чест на македонскиот поет Чедо Јакимовски.

Чедо Јакимовски е поет и боем, најзначаен претставник на постсимболистичката струја во современата македонска поезија. Роден е во Кратово во 1940 година. Автор е на книгите „Нарциса“, „Лажно море“ и „Халеевата комета“. Членуваше во ДПМ од 1966-та, а почина во 1993 година.

 Настанот ке започне со положување на цвеќе на гробот на поетот Чедо Јакимовски и посета на неговата родна куќа во Кратово.

Поетската средба ке започне во 17 часот во Музејот на Град Кратово