Левица: Случувањата на Косово и Метохоја покажуваат дека НАТО носи само нестабилност на Балканот
- Реакција на Левица – Сектор Безбедност
Вчерашните судири помеѓу демонстрантите и КФОР на северот на Косово и Метохија се уште еден показател дека западниот империјализам и НАТО носат само нестабилност на Балканот. Во судирите, каде има и потешко повредени, силите на КФОР употребија непотребна и прекумерна сила за да ги разбијат дотогашните мирни демонстрации.
Ситуацијата на КиМ станува се потензична откако Приштина одбива да го имплементира договорот потпишан со Белград веќе цела деценија. Воената нелегална агресија на декларативно дефанзивниот воен сојуз НАТО врз Србија остави пат позиција во која барањата на двете страни е неможно да се артикулираат на мирен и дипломатски начин. Единствено вистински суверени Балкански држави се способни да го разрешат конфликтот, без мешање на неоколонијализмот.
Левица е против нови Балкански Војни и користење на балканските народи како паричка за поткусурување на веле-силите. Сметаме дека е неодговорно и лицемерно што Приштина одбива да ги имплементира веќе договорените права кои ги подржува во Република Македонија, мешајќи се во внатрешната политика на номинално суверена држава.