Сојлу: Светот чека ослободување од јаремот на Западот

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека Западот денеска за прв пат е во слаба позиција и дека Анкара има способност за првпат да ги уништи „сите што и пречат“ на Турција, вклучително и Американците.

„Наречете не кукавици ако не ги уништиме сите оние кои ја вознемируваат нашата земја, вклучително и американските војници, во следните пет години. Ова е прв пат да имаме таква можност. Првпат го фативме Западот во слаба позиција. Прв пат ја фативме Америка. Прв пат под водство на Реџеп Таип Ердоган по 100 години“, рече Сојлу.

Сојлу, исто така додаде дека Турција денес е „во најмоќниот период во последните 300 години“ и оптимистички изјави дека светот чека ослободување од „Јаремот на Западот“: