Тактички нуклеарки ќе се распоредуваат на територијата на Белорусија
Русија и Белорусија во четвртокот (25-ти мај) потпишаа договор за формализирање на распоредувањето на руски тактички нуклеарни ракети на белоруска територија, потег што Москва рече дека е поттикнат од зголемените тензии со Западот.
„Во контекст на ескалацијате на западните граници на Русија и Белорусија, донесена е одлука за преземање контрамерки во воено-нуклеарната сфера“, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
Распоредувањето на ракетите првпат го најави претседателот Владимир Путин во март оваа година.
Рускиот претседател Владимир Путин на 25 март изјави дека, на барање на белоруската страна, Русија ќе го распореди своето тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, како што САД долго време правеа на територијата на своите сојузници. Според шефот на руската држава, на 1 јули се планира да се заврши изградбата на складиште за тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија.
Полскиот генерал Валдемар Скржипчак претходно изјави дека доколку украинската контраофанзива биде успешна, вооружените Белоруси кои сега се борат на страната на украинските сили би можеле да почнат воен удар со цел да се направи пуч врз претседателот на Белорусија Александар Лукашенко.
„Да се подготвиме за востание во Белорусија, бидејќи тоа ќе се случи. Факт е дека не можеме да го пропуштиме овој момент. Мора да бидеме подготвени да ги поддржиме војниците кои ќе ја спроведат операцијата против Лукашенко. Имаме причина да им помогнеме, како што им помагаме на Украинците“ – изјави полскиот генерал.