АФЖ: Предлогот на Левица за платено породилно отсуство на земјоделките сè уште во фиока

  • Реакција на Антифашистичкиот фронт на жени на Левица (АФЖ)

Собраниската Комисија за здравство сѐ уште нема свикано седница на која би се разгледал и усвоил Предлог-законот поднесен од двајцата пратеници од Левица, Апасиев и Крмов, за платено породилно отсуство на жените-земјоделки, додека „Законот за модерно ропство“ со 60 часовно работно време на работниците, експресно пројде на матичната комисија и уште поекспресно се најде на дискусија на пленарна седница, иако и двата предлози ја помина потребата за носење на законот по скратена постапка (прва фаза) истовремено, минатата недела.

Со ова уште еднаш се докажува среброљубливата политика која ја предводи ДУИ и СДС кога е во прашање нивниот бизнис интерес, но не и реалната потреба на народот.

АФЖ – Левица го повикува претседателот на собраниската Комисија за здравство, Арбен Зибери, да се удостои и да ја свика седницата каде предлогот на пратениците од Левица ќе биде ставен на дневниот ред и експресно, како и ЗРО ќе биде усвоен. Секое одолговлекување може да значи сериозен ризик за здравјето на жените-земјоделки кои се борат за егзистенција и нивното основно право, но и новороденчињата и децата.

Со нашиот Предлог-закон за платено породилно отсуство за жените земјоделки (Измена и дополнување на Законот за здравствено осигурување), се овозможува користењето на правото на надоместок поради бременост, раѓање и мајчинство на жените – земјоделки и ќе се овозможи еднаквост и транспарентост на ова уставно загарантирано право на секоја жена.