ВМРО-ДПМНЕ го повлекло членството кога се радикализираа протестите против францускиот предлог
Во вчерашната емисија на „Тешки муабети”, новинарот Александар Митовски сподели информација дека кога се радикализираа протестите пред Владата против францускиот предлог, раководството на ВМРО-ДПМНЕ пуштило циркуларка порака до членството да се повлечат од протестот. Според новинарот, на овој начин најголемата опозициона партија го анулирала гневот на луѓето.
,,Кога Левица организираше протест, на тој протест се налепи ДПМНЕ бидејќи имаше голем аудиум тој повик. Вториот ден, кога го предводеше Левица протестот, се случи протест во права смисла на зборот – се проби кордонот на полицијата, се качивме пред Влада, апсење имаше… И додека се случуваше тој пробив пред платото на Влада, додека се туркаме ние со полицијата, еден момент се вртам и гледам позади мене 20 луѓе, нема никој.
Што се случило во меѓувреме? Во меѓувреме, стигнало циркуларка порака да се повлече членството на ВМРО-ДПМНЕ пред Собрание. Тоа ме наведува да помислам дека најголемата опозициска партија успеа да го анулира гневот на луѓето. Кога отидовме пред Собрание,таму имаше бина, музика и се играше оро. И заврши приказна тука.” – кажа Митовски во емисијата.