АктуелноЛокално

Левица: СДС дозволува елитата и во криза да профитира со купување недвижности

  • Реакција на Политичката партија Левица

Корпоративните интереси кои се во јадрото на идеологијата на СДС, продолжуваат да го нагризуваат општественото ткиво. Стапката на инфлација веќе една година е двоцифрена и во март остана на високо ниво од 13 отсто. Во услови на инфлација, кога цените забрзано растат, а куповната моќ се намалува, парите кои граѓаните ги чуваат во банка се обезвреднуваат. Стапката на инфлација е повисока од каматната стапка која би ја добиле дури и за орочени депозити. Од таа причина богатите своите пари ги вложуваат во хартии од вредност издадени од профитабилни компании.

Инфлацијата ги погоди само најсиромашните. Класните разлики сè повеќе се зголемуваат. За разлика од богатите, обичниот граѓанин ги покрива дупките во семејниот буџет преку кредитни картички и пречекорување на тековните сметки кои во март изнесуваат 270 милиони евра со каматна стапка од 12,75 отсто. Со продлабочување на јазот на сиромаштијата, нерамномерната распределба на приходите се зголемува. Прикажана преку Џини коефицинетот, во 2020 година изнесува 31,4 отсто и повисока е од претходната за 0,7 отсто.

Левица, за да ги заштити најранливите категории, во својата изборна програма предвидува воведување на единствен данок на богатство – т.н. данок на луксуз, кој ќе биде прогресивен за поимотните граѓани, а најсиромашните ќе бидат ослободени од плаќање на овој данок. Ова е една од мерките со која ќе се намали нееднаквоста и ќе се стави крај на борбата за егизстенција, која граѓаните сè повеќе ја чувствуваат.

Цената на становите веќе година и пол расте и не стивнува. Во последниот квартал оваа година е повисока за 18,8 отсто од претходниот или споредено со 2010 година, покачувањето на цената на становите изнесува дури 36,22 отсто. За богатите, најбезбедно е да ги оплодат своите пари со купување на недвижности. Побарувачката не се намалува, иако и понудата е висока. Во првиот квартал оваа година, издадени се 588 одобренија за градење, наменети за објекти од високоградба, што е за 24 отсто повеќе од истиот период од претходната година.