Здружението на новинари на Србија го прогласи Асанж за почесен член
Здружението на новинари на Србија ја поддржа иницијативата на претседателот на италијанскиот синдикат на новинари Виторио де Трапани и Европската федерација на новинари и го прогласи новинарот Џулијан Асанж за почесен член.
Во Декларацијата што претставниците на ФНСИ и ја прочитаа во Рим на сопругата на Џулијан Асанж, Стела Морис, европските влади се повикани да работат активно за да се обезбеди ослободување на Асанж.
„Ние, долупотпишаните Европски синдикати и Здруженија на новинари, се придружуваме на ИФЈ и ја повикуваме американската влада да ги отфрли сите обвиненија против Џулијан Асанж и да му дозволи да се врати дома кај сопругата и децата“, се наведува во Декларацијата која исто така е потпишана од УНС.
ФНСИ и ја подари на Стела Асанж членската карта на Џулијан. Инаку, овој синдикат ја покрена целата иницијатива и прв му додели почесно членство на Асанж, прецизираат од УНС.