АктуелноЛокално

Во пресрет на 1 Мај – Левица меѓу работниците во Штип

  • Соопштение на Левица – Трудов сектор

Во пресрет на најголемиот работнички празник 1 Мај, активисти на трудовиот сектор на политичката партија Левица беа во една од текстилните конфекции во Штип. На работниците им беа поделени флаери на кои се поместени работничките законски права. Освен тоа ги охрабривме работниците доколку им се прекршуваат правата да се обратат во Левица, како единствена парламентарна партија на трудот и ние ќе направиме се што е во наша моќ да помогнеме да се остварат.

Локацијата беше одбрана бидеји токму во големите текстилни конфеции се прекршуваат огромен број на работнички права како: неплатени прекувремени часови, неплатена работа за празник/недела, мобинг на работно место, неплатен (или смешна сума од 1 000 – 2 000 денари) К -15 и слично.

Воедно потсетуваме дека Левица во својата програма се залага за:

Враќање на правото на исплата на патни трошоци и трошоци за исхрана за работниците (патарина + хранарина).
Воведување прогресивен персонален данок на личен доход (плата, хонорар и сл.), наместо сегашниот рамен данок – со цел богатите да плаќаат повеќе од сиромашните.

Особен ангажман Државниот инспекторат за труд (ДИТ) да обезбеди доследно почитување на законските норми за работничките права.