Апасиев: Во име на Европа градиме апартхејд – Дејтонизација на Македонија и бејрутизација на Скопје
Влезот на Бугарите во Уставот за нас е погубен, изјави вчера во емисијата „Тешки муабети“ лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Според него доколку продолжи ваквата национална политика, постои опасност од федерализација на државата, за што вели дека Македонците ќе станат Курди на балканот.
– Поразително е да кажете дека нема алтернатива. Само Европа се зборува! – Каде е Македонија во приказнава? Ќе исчезнеме, ќе бидеме Курди на Балканот.
Во деведесеттие години Америка имаше интерес да постои Македонија, Глигоров тогаш знаел да изигра мудро, ни мирно се осамостоивме. Сега во овој историски момент западните сили немаат интерес од постоење на Македонија. Што е следно? -Дејтон. Следно,следи бејрутизација на Скопје и дејтонизација на Македонија. Поделби по реки, мостови и слично.
Само во Босна има тоа што се случува во Македонија, двојазични униформи, двојазичност. Во име на Европа градиме апартхејд, младите Албанчиња и Македончиња зборуваат на англиски, дали сме нормални?
Во име на Европа 30 години се што имавме се едеградирано, нема сектор кој можете да го закрпите. Тезите на Левица биле радикални, ма баш ми е гајле, имаме идеи за концепт што тука некогаш функционирал и функционира – вели Апасиев.