Културната доминација (хегемонија) на Западот

  • Пишува Кристијан Димков – Студент на Институтот за Социологија на Филозовскиот факултет при УКИМ и член на Црвена Младина (продолжение на колумната Глобализација: Американски проект)

Глобализацијата исто така вклучува и ширење и дифузија на идеологии (вредности, идеи, норми) кои содржат, оправдуваат и даваат легитимитет за економската и политичката глобализација. Историски гледано, ова не се неутрални процеси, туку претставуваат проект на доминантните нации, кои преку медиумите ги шират своите инетерси низ светот, нивните вредности се наметнуваат како нормални и општоприфатливи и истите се поимаат здраво за готово (бизнис „гуруа“ на социјални мрежи на пример).

Во овој проект/процес особено е забележителен етноцентризмот на САД, но и општо на Западниот, посебно англо-саксонскиот свет воопшто, кој, практично со глобализацијата ја промени својата тактика, та наместо да ги колонизира и преку воена моќ да ги покорат и претворат во своја сопственост (робови) „дивјаците“ – како што многу често биле нарекувани народите кои не се дел од Западот – одлучиле дека е многу поедноставно да се воспостави тоа што Антонио Грамши го нарекува идеолошка хегемонија. Односно, преку наметнување на идеи да се опресира и екплоатира одреден народ или нација. Ова се прави генерално преку две главни методи: преку јазикот и преку културните норми и вредности. Оттука и историско-материјалистичката максима искажана во Комунистичкиот манифест, дека владејачките идеи на едно време се идеите на (материјално) владејачката класа, како предупредување на работништвото дека владејачката класа ќе ги искористи сите културни, духовни и моралистички идеали што и се на располагање се со цел да го прикрие бруталниот систем на експлоатација со кој што таа владее во своја корист а на штета на работниците.

Западот, на чело со САД, културната конкретно ја воспоставува преку своите медиуми, преку разните интерактивни и други програми за забава, преку ТВ сериите и филмовите, и други содржини, вклучително содржини со естетска вредност. Или пак уште поедноставно кажано, колку пати во Холивудските филмови американците го имаат „спасено светот“ независно дали е од природна катастрофа или пак од војна предизвикана од „непријателска земја“ (која најчесто е Русија или пак во ново време Северна Кореа и поради некоја причина се забележува дека тоа можат да бидат Србија или Иран, па дури и Албанија).

Во оваа тематика многу е важно дека лајт-мотивот на тие серии и филмови се американските вредности и норми кои потсвесно се прифаќаат од конзументитена американски продукции, а бидејќи Американските серии и филмови квантитетно се најбројни се и најприфатени од страна на гледачите, и со помош на интернетот и стриминг платформите (Netflix, Hulu, Disney+ итн), но и со телевизијата пред тоа конзумери на американски продукции е целиот свет. Проблемот кој настанува со оваа Американска доминација врз медиумскиот простор се токму овие суптилни лајт-мотиви каде што децата, буквално уште од раѓање, се учат дека американците се најдобри и дека треба да бидат како нив. Оваа појава е многу воочлива на маскенбалот за денот на шегата каде што дечињата во Македонија се маскираат во американски супер херои а не во македонски херои (Итар Пејо на пример). 

Како директна последица на оваа културна доминација на западот, или ако сакате поконкретно САД, настанува доста чудната појава на празнувања на типично американски празници (ноќ на вештерките, Св. Валентајн итн) кај нас но и во целиот свет, додека овие празници/прослави немаат никаква поврзаност со Македонија. На сличен начин се имаат пренесено и комплетно измислените американски „празници“ како Black Friday па по него секако и Cyber Monday, кои со тек на времето, за да се продолжи потрошувачката еуфорија, имаат доживеано екстензија и стануваат Black Friday WEEK. Ова ширење на ваквите потрошувачки „празници“ во голема мера е под влијанието на мулти националните компании, но секако и медиумите имаат големо влијание во сето тоа.

Исто така е очигледно празнувањата на типично американски празници (ноќ на вештерките, Св. Валентајн итн) кај нас, а и во целиот свет, а немаат никаква поврзаност со Македонија и празнувањето на такви празници претставува директен продукт на оваа културна доминација на западот и америка преку медиумите.