ДУП-от во населба Лисиче ја бетонизира Општината

  • Реакција на Левица – ЛО Аеродром

После нашата реакција на 10 април за шверцување на ДУП за Населба Лисиче и острото реагирање на жителите од населбата, денеска со изјава излезе градоначалникот Тимчо Муцунски. Тој, исто како и во претходните случаи, прстот го впери кон неговиот претходник Златко Марин за да се извади поради неефикасното работење и неспособноста со која ја води општината.

Да не заборавиме дека истиот Тимчо Муцунски во предизборната кампања ветуваше ЕКО општина со многу зеленило и СТОП за урбаната мафија и БЕТОНИЗАЦИЈА, како и поништување на сите штетни одлуки од претходниот градоначалник кои се однесуваат на жителите на општина Аеродром.

Го прашуваме јавно:
-Дали со ваков ДУП се спречува бетонизацијата во општината?
-Како им се подобрува квалитетот на живот на жителите на Населба Лисиче со изградба на нови згради?
-До кога мисли да се вади со неговиот претходник за неговите неуспеси?

Советниците на Левица од општина Аеродром будно ја следат ситуацијата и ќе реагираат на сите шверцерски потези кои влече градоначалникот Тимчо Муцунски.