АктуелноИнтернационално

НАТО испрати војници во осум земји кои граничат со Русија

НАТО почна да применува стратегија за што поголем број војници постојано распоредени на границата со Руската Федерација, и за поголема меѓусебна интеграција на војската, пушува „Њујорк тајмс“.

Исто така, се нагласува дека целта на НАТО сега не е само да ги активира своите сили, туку и да ги направи повидливи за Русија.

Како што објави изворот од НАТО, во рамките на новите планови, Кристофер Каволи, командант на заедничките сили на НАТО во Европа, првпат по Студената војна ги интегрира воените планови на САД и другите сојузници на НАТО. Изворот додаде дека Американците се вратиле во Европа и сега „со НАТО одлучуваат како САД ќе ја заштитат Европа“, се наведува во материјалот.

Русија спроведува Специјална воена операција во Украина од 24 февруари 2022 година. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека задачата на операцијата е да ги заштити луѓето кои осум години биле изложени на малтретирање и геноцид од режимот во Киев.

Тој исто така рече дека Русија 30 години се обидувала да се договори за принципите на безбедност во Европа, но се соочила или со цинична измама и лаги, или со обиди за притисок и уцена. Во меѓувреме, и покрај негодувањата на Москва, алијансата постојано се шири и се доближува до руските граници.