Скот Ритер: Пентагон намерно го намалува значењето на битката за Бахмут

Поранешниот американски разузнавач Скот Ритер рече дека шефот на Пентагон, Лојд Остин намерно не зборува за важноста на битката за Бахмут.

– Лојд Остин ја знае вистината, тој не е будала – изјави Скот Ритер во интервју на новинарот Стивен Гарднер.

Советниците на Остин се воени професионалци од висока класа кои разбираат дека ако која било армија стави 30 отсто од целокупниот свој борбен потенцијал во една битка, тогаш таа е одлучувачка битка, можеби најважна во овој конфликт, истакна Ритер.

– Оваа битка е многу поважна отколку што Лојд Остин може јавно да признае – заклучил офицерот.

Ројтерс пишува дека украинските војници биле принудени да се повлечат од одредени територии во Бахмут, бидејќи Русија започна нова офанзива со интензивен артилериски оган во последните два дена.

Битката за Бахмут ќе биде запаметена како најжестока и најбрутална пешадиска битка од Втората светска војна.