АктуелноЛокално

Левица: Згаснати детски животи заради криминогени здравствени политики

  • Реакција на Левица – Здравствен сектор

Со пораката „Сирената е вклучена, а вклучен е и алармот за битолската болница“ се одржа уште еден протест во Битола пред Клиничката болница. Последниов протест е реакција на смртта на новороденчето, уште еден, во низата изгубени животи.

Смртта на малата Јана и на новороденчето се резултат на неодговорноста, некадарноста и партизацијата во јавното здравство. Лошото менаџирање на СДС и ДПМНЕ во соработка со партиите од албанскиот блок продолжува и секојдневно одекнуваат вести за нови трагедии во здравството.

За смртта на починатото новороденче, инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат најдоа низа недоследности. Во извештајот се посочува текот на лекувањето и третманот на родилката В.К. и како дошло до смрт кај нејзиното новороденче.

Според известувањето на директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат – Рената Младеновска, на д-р Михајло Вангелов му е изречена прекршочна мерка, во висина од 250 евра за запоставување на пациент.

Д-р Вангелов е советник во Советот на Општина Битола од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и е истиот гинеколог кој на први јануари минатата година и дозволи на својата сопруга од Србија да врши царски рез во клиниката, иако таа не била вработена во клиниката и немала соодветна лиценца за работа издадена од Лекарската комора на РМ.

Здравствениот сектор на Политичката партија Левица ја повикува комисијата да излезе на терен во најкус временски период и да се дадe одговори до јавноста. Животот на секој граѓанин на Република Македонија е подеднакво вреден! Здравјето и благосостојбата не смее да биде привилегија само на одредена група луѓе.