Лула: САД да престанат да ја охрабруваат војната во Украина

Претседателот на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва вчера на вториот, последен ден од неговата посета на Кина, истакна дека САД мора да престанат да „охрабруваат војна“ во Украина и „да почнат да зборуваат за мир“.

Тој истакна дека меѓународната заедница треба да ги убеди рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Володимир Зеленски дека мирот е во интерес на целиот свет, истакна Лула.

Неопходно е трпение за да се разговара со Путин и Зеленски. Но, пред сè, треба да ги убедиме земјите што доставуваат оружје и промовираат војна да престанат да го прават тоа, посочи Лула.

Посетата на Лула на Кина е со цел да се зајакнат економските врски на Бразил со нејзиниот главен трговски партнер. Тој наведе дека Бразил се „врати“ на меѓународната сцена и оти се надева дека ќе има улога на посредник во конфликтот во Украина.

Кина и Бразил никогаш не воведоа финансиски санкции кон Русија. Двете земји се обидуваат да се позиционираат како посредници.

Лула од Кина отпатува за Обединети Арапски Емирати.