Сијарто: НАТО да избегне директен конфликт со Русија

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто го повика НАТО да направи се за да избегне директно вклучување во вооружениот конфликт во Украина и конфронтација со Русија.

Унгарија е една од земјите кои не се согласуваат во голем дел со политиката на санкции кон Русија и пристапот на НАТО кон конфликтот во Украина. Министерот Сијарто разбирајки ја опасноста од можна конфротација со Руската Федерација и вовлекувањето на трети земји во воен конфликт од кој не сакаат да бидат дел рече дека мора да се направи се за да се обезбеди НАТО да не стане страна во конфликтот.

„Не смее да се дозволи НАТО да влезе во директен конфликт со Руската Федерација“, изјави Сијарто во интервју за Си-Ен-Ен.

Шефот на унгарската дипломатија рече дека Будимпешта инсистира на тоа и додаде дека се надева дека тоа вакво сценарио во иднина нема да се случи.