Капиталистичка Македонија – Земја на сиромашни и милионери

Илија Гечев, сопственикот на компанијата „ИГМ трејд” од Кавадарци е милијардер, најбогат човек во Македонија, тој е и меѓу најбогатите луѓе во регионот, односно е на 18-тото, место на регионалните милијардери. На листата од 20 најбогати, со исклучок на Гечев, сите тие високо-рангирани лица се од Србија и Хрватска.

На 38-то место е рангиран челникот на „Алкалоид“ Живко Мукаетов со капитал од 650 милиони евра.

Андреја Јосифовски, челникот на нафтената компанија „Макпетрол“ е меѓу педесетте најбогати луѓе во регионот, неговото богатство е проценето на 565,5 милиони евра. На листата од 100 најбогати луѓе во регионот на весникот „Недељник“ објавена во празничниот двоброј, Јосифовски се најде на 45 место, а капиталот според кој е рангиран има вредност од точно 565.501.055 евра.

„Недељник” заклучува дека поради долгата пандемија во регионот се „истопи“ капитал од околу 400 милијарди евра. Листата е составена во соработка со медиуми од регионот, како и со поддшка од две њујоршки консултантски куќи.