26 април, 1943 – Првите доброволци-партизани од Гевгелија

Статус на Никола Петров

На денешен ден 26. Април 1943 година, во виорот на Втората Светска Војна, излегле во партизани првите борци од Гевгелија и гевгелиско.
Напредните младинци и интелектуалци на тогашната КПЈ, инволвирани во бројни организациони активности против окупаторот, тргнуваат на Кожуф планина и овде ја формираат првата вооружена воена формација.

На 26 април 1943 година во Кожуф планина се нашле првите доброволци-партизани од градот и околијата, а од Гевгелија биле: Ристо Бајалски, Димитар Григоров Зафиров, Димитар Кирилов Брзилов, Петар Христов Балабуров, Михаил Христов Делев, Василка Танова Дуганова, Јанко Милтијадев Инов (Урдинов), Надежда Васил Христова, Александар Мицев Ќаев, Марика Мицева Ќаева, Деко Андонов Ковачев, Васил Христов Карајанов, Христо Василев Поп-Ристов, Илија Танев Миов и Иван Христов Бајков. Оваа група од 15 борци пристигнала во три групи, на 26 април, на 30 април и на 3 мај заедно со борци од околните места. На 10 мај на падините на Кожуф планина доаѓа и до официјално формирање на Првиот гевгелиски партизански одред „Сава Михајлов“.


На денешен ден 26. Април 1943 година, во виорот на Втората Светска Војна, излегле во партизани првите борци од Гевгелија…

Posted by Nikola Petrov on Monday, April 26, 2021