АктуелноЛокално

(Видео) Апасиев: Експертските групи за промена на Уставот се неуставни

  •  Дел од гостувањето на претседателот на #Левица – проф. д-р Димитар Апасиев во емисијата „Аргумент плус“.

 „Со Уставот се случува истото што се случува со „Бехтел и Енка”, односно власта се обврзала дека ќе го смени Уставот без да има 80 пратеници + Бадентер. Има процедура, пропишана со Устав, како се менува Уставот.

ПРВО, треба да имате овластен предлагач. ВТОРО, следува Одлука за пристапување кон измена на Устав, која се носи со двотретинско мнозинство. Дури ТРЕТА фаза е нацрт на измена на Устав – односно амандани, бидејќи кај нас Устав се менува само со амандмани.

Дури тогаш, нацрти за измена на Устав се прават во Собрание. Власта сега ги прескокнува двете фази и оди на трета фаза – да прави нацрти за промена на Уставот.”