Апасиев: Никаде во светот работникот не работи толку многу работни часови

Во вчерашношто гостување за Телевизија 24, пратеникот од Политичката Партија Левица, Димитар Апасиев изнесе свое видување во однос на блокадата на законот за работни односи со кој се предвидува работната недела од 40 часа да се зголеми на 60 часа и работниците да работат и недела.

Овој предлог-закон е дел од осумте закони со кои се фаворизира контроверзната компанија ,,Бехтел и Енка”, која ја следат низа корумпирани скандали во регионот.

Тој рече: „Никаде во светот работникот не работи толку многу работни часови. Ако законот се усвои тогаш ќе бидеме дел од друштвото на Мавританија и Египет кои имаат по 54 односно 53 работни часови, вели претседателот на Левица, Димитар Апасиев. Тврди дека партијата е подготвена да оди до крај, бидејќи, како што вели, законот ќе не врати во феудализмот‘‘.