АктуелноЛокално

(Видео) Младите чувствуваат големи неправди нанесени од државните институции

  • Видео обраќање на Црвена Младина

Ние се наоѓаме на истото место, живееме во истата земја но со друго име каде што некогаш живееле млади, многу посреќни од мене и од вас.

Ако се навратиме 3 децении наназад, младиот човек во Македонија шетал во повеќе паркови, дишел почист воздух, се образувал во поквалитетен образовен систем, имал поголеми можности за вработување, повеќе се вреднувал интелектот и се наградувал трудот и секој можел да си овозможи пристоен одмор.

Но ние младите денес, чуствуваме голема неправда нанесена од државните институции со тоа што: Го дишеме најзагадениот воздух во светот, парковите ни ги уништи градежната мафија поддржана од криминогените политички елити, живееме во руинирани студентски домови, а непотизмот и корупцијата ни се дел од секојдневниот живот.

Додека ние, децата на работниците, на стечајците, на самохраните родители чесно ги постигнуваме нашите успеси во текот на студиите, децата на функционерите, синовите и ќерките на црвената буржоазија со лажни дипломи си ги завршуваат факултетите, живеат во раскош со државни пари врз грбот и потта на нас и нашите родители.

Каде е мотивот да се остане во оваа држава?!

Каде што само 10% од дипломираните студенти се вработуваат по струка, и повеќето од нив со партиска книшка и роднински врски.

Се додека се подзаборава на социјална правда, се додека владее непотизмот и корупцијата, се додека се трошат народните пари за лични цели и раскошен живот за децата на партиските функционери, ние младите, немаме иднина во оваа држава.

Затоа многу училишта се празни, многу семејства се збогуваат од своите најблиски барајќи егзизтенција и поспокоен живот во странство.

Драга младино!

Единствената надеж за промена во оваа држава ја гледате пред вас. Црвена Младина и Левица се трнот во око на криминогените политички партии во и единствениот политички фактор кој стои на нивниот пат. Затоа, ве повикуваме да ни се придружите во нашата заедничка за подобро утре бидејќи промената можеме да ја направиме само ние.