Антифашистички протест пред Влада во 18:30

На фејсбук страната Бојкотирам за денес најавија протест пред Влада, поради вчерашната скандалозна изјава на премиерот Заев. Протестот е закажан во 18:30 часот пред Влада.

Како што пишува во самиот настан, протестот се организира „во одбрана на АСНОМ-ските вредности и антифашистичката борба врз кои се поставени темелите на современата македонска држава. Македонскиот народ бил на правилната страна на историјата, давајќи бројни жртви во борбата против бугарскиот окупатор и затоа не дозволуваме да бидеме уценувани, понижувани и негирани од оние кои треба да се извинаѕ за своите злосторства. Ниту една привремена Влада поставена од надворешни групи на интерес нема право да преговара и договара за децениската жртва и придобивките тешко издвојувани.

Бараме ОСТАВКА од квислиншата влада и прекин на преговорите кои се водат единствено на штета на Република Македонија. За достоинството на народот не се преговара.Се гледаме во 18:30 пред Влада со маски.НАПОМЕНА: Не се добредојдени знамиња на ЕУ која остана нем поддржувач на шовинизмот на официјална Софија.”