Лисиче e наредна мета на урбаната мафија
„Лисиче e наредна мета на урбаната мафија“ велат од иницијативата „Да го зачуваме Лисиче“ кои вчера соопштија дека Општина Аеродром спрема урбанистички план согласно кој се затвораат постоечките улици и ќе „никнат“ нови згради во овој дел на градот.
„На крајно подмолен нетранспарентен начин се обидува да се “протне“ овој Предлог ДУП ЈИ09 блок 09.01. катастрофален за Населба Лисиче“! – стои во соопштението објавено од иницијативата.
Тие предупредуваат дека урбанистичкиот план кој се изработува, трајно, целосно и спротивно на потребите и интересите на жителите во оваа населба ќе го измели ликот на населбата
„Згради, затворање постоечки улици, трасирање нови улици кои поминуваат низ нашите домови, уништување на нашето спокојно живеење…“
Во својата објава тие апелираа за навремена реакција од страна на жителите во оваа населба и побара засегнатите да поднесат анкетни листови најдоцна до 13 април.
„Додека не е доцна да реагираме т.е. сите засегнати нека поднесат Анкетни листови со свои забелешки најдоцна до 13.04.2023 во ОУ “Димитар Македонски“ а подмолен и крајно нетранспарентен начин некој се обидува да го “протне“ овој Предлог ДУП ЈИ09 блок 09.01. катастрофален за Населба Лисиче!“