Зелената ДОМ го спаси црниот закон на „зелената“ ДУИ за експропријација
Лидерката на зелената партија ДОМ – Маја Морачанин, на денешната пленарна Седница, на која по итна постапка се гласаат деветте предлог закони на ДУИ, за кои многумина тврдат дека го подриваат уставниот и правниот поредок на Македонија, направи кворум и помогна овие закони да бидат изгласани. Законот за кој Морачанин направи кворум е спротивен и на идеологијата на сопствената партија.
Предлог-Законот за измени во Законот за експропријација денска на пладне беше изгласан со 55 пратеници ЗА, 5 пратениви Против и 1 Воздржан.
Пратеничката Маја Морачанин која е лидерска на ДОМ гласаше против предлог законот, но доколку таа излезеше од сала немаше да има кворум и овој закон немаше да се усвои на дневен ред, бидејќи на Седницата вкупно биле присутни 61 пратеници.