АктуелноЛокално

(ФОТО) Студентски отпор: Деканот на Стоматолошкиот факултет Ивановски им се заканува на студентите

„Дел од студентите на Стоматолошкиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се соочуваат со закани, дека нема да добијат потпис на крајот од семестарот, од страна на деканот Ќиро Ивановски“, тврдат од Студентскиот отпор. 

„Заканите се упатени кон студенти кои во текот на седмицава што измина не присуствувале на две визитинг предавања на проф. Д-р. Драгана Габриќ од Универзитетот во Загреб. Уште позапрепастувачки е тоа што овие предавања не биле задолжителни, што е напишано и на страната на факултетот.

Во новонастанатата ситуација, студенти кои биле редовни и ги посетувале вежбите и предавањата без изостаноци, сега се соочуваат со закана да не добијат потпис, а со тоа и да изгубат право да полагат.Студентите стравуваат дека неприсуството на незадолжителното предавање ќе има влјание покрај на предметот тематски „поврзан” со тоа предавање, дополнително со полагањето на сосема друг предмет кој никако не е поврзан со Деканот или предавањето со професорката од Загреб“, се вели во реакцијата до јавноста. 

„Студентски Отпор најостро ги осудува заканите испратени од Деканот до студентите. Бараме извинување за испратените закани за потписи по предметот за судентите кои биле редовни на наставата, кои и така им следуват и за редовноста на вежбите.Ги повикуваме ФСС на Стоматолошкиот Факултет и студентскиот Правобранител да реагираат затоа што во овој случај се прекршени студентските права. Од каде е тоа дискреционо право на Деканот да одлучува дека баш овие предавања се услов за потпис, кога самиот универзитет и факултет има свои правилници?“, прашуваат оттаму.