СДСМ сака да ја земе Универзална сала за да манипулира со јавноста на година дена пред избори

  •  Обраќање на советникот Амар Мециновиќ од Левица во Советот на Град Скопје по однос на Иницијативата на СДСМ за отстапување на користењето на Универзална сала од Град Скопје, на Владата на Република Македонија.

 „На една година до избори, сакате да ја предадеме Универзална сала на делегитимирана влада и на Министерката за радост, Бисера Костадиновска Стојчевска.

Кој на нас ни гарантира дека министерството ќе ја направи потребната реставрација на Универзална сала, покрај сите овие индикатори кои ни го докажуваат спротивното? Патем, вчера имаше и протест на културните работници.

 Левица е апсолутно против оваа иницијатива.

 Културниот живот е деградиран, а вие, иако сте предолго на власт, сѐ уште се навраќате на „Скопје 2014“. Немате ништо да понудите на следните избори, затоа сакате да ја земете Универзална сала, за да манипулирате пред јавност дека само вие можете да ја завршите.“