АктуелноЛокално

(Видео) Левица со поддршка за урбанизација на Злокуќани

  • Соопштение на Левица – ЛО Карпош

Во четврток на 25. седница на Советот на Општина Карпош ќе се најде деталниот урбанистички план за населеното место Злокуќани. Се работи за ДУП кој веќе еднаш беше усвоен, но поради административна грешка сега повторно се става на гласање.

Со овој детален урбанистички план конечно ќе се урбанизира ова населено место кое инфраструктурно заостанува многу зад останатите населени места во Карпош, но и пошироко. Со гласањето на овој ДУП ќе се надминат и пречките во поглед на изградбата на канализацијата, улиците, уредувањето на јавниот простор, но и редпвното збирање на сметот.

Во овој детален урбанистички план немаме елементи на т.н. бетонизација, а земајќи ги во предвид сите придобивки и фактот што за прв пат ова населено место ќе добие ДУП, советничката група на Левица ќе го поддржи овој детален урбанистички план. Левица ги повикува и останатите советници, од останатите политички партии да застанат зад потребите на жителите на Злокуќани и недвосмислено да го поддржат овој урбанистички план.