Масовните протести во Франција против пензиската реформа продолжуваат
На вчерашниот десетти протест против пензиската реформа ширум Франција учествуваа 740.000 луѓе, додека пак само во во Париз имало 93.000 протестирачи, соопштија од француското МВР. Полицијата соопшти за приведување на 22 лица и сподели дека демонстрантите кои го палеле ѓубрето биле растралани со гумени куршуми.
Ова е помалку од протестот на 23 март, кога според полицијата низ земјава протестирале 1,08 милиони луѓе, додека синдикатот не се согласува со официјалните бројќи и велат дека на тој протест низ Франција протестирале дури 3,5 милиони. За тој ден во Париз, полицијата тврди за бројка од 119.000 демонстранти, а според синдикатот за бројка од 800.000 демонстранти.
Како што наведуваат странските агенции, протестите се во многу тензична атмосфера, во време на стагнација на дијалогот меѓу власта и синдикатите, а насилство имаше и попладнево во Париз.
Вчера протести се одржаа низ цела Франција: во Бордо, Нант, Рен, Марсеј, Тулуз, Брест, Стразбур и Ница.