Москва категорично ги отфрла наводите на Париз дека Русија е зависна од Кина – Кремљ

Москва категорично го отфрли мислењето кое што беше неодамна произнесено од Париз, дека Русија наводно е во состојба на таканаречена вазална зависност од Кина, наведувајќи дека таквата реторика зрачи со целосно недоразбирање на природата на руско-кинеските односи, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков во понеделникот.

Коментирајки за новинарите за изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека Русија наводно претрпела геополитички пораз во Украина и сега постепено станува зависна од Кина, Песков изјави дека Москва категорично ги отфрла таквите наводи.

Ние категорично не се согласуваме со таквите изјави бидејќи нашиот однос со Кина покажува карактеристики на стратешко партнерство, кое нема никаква врска со зависност од било кој‘‘, рече Песков.

Тој особено подвлече дека односите меѓу Русија и Кина се градат врз основа на „заемна почит и корист, како и заеднички глобален поглед во однос на меѓународните прашања и заеднички став на нулта толеранција за секој обид за наметнување диктат и упад на странски мислења за прашања кои се однесуваат на идниот развој на суверените нации“.

„Сметаме дека таквата изјава (за наводната зависност на Русија од Кина) е целосно неприфатлив‘‘, рече Песков. „Ова е можеби доказ за целосно погрешно толкување на она што вусшност се случува‘‘.