(Видео) ВМРО-ДПМНЕ потфрли и за двојазични полициски униформи – Мицкоски тврдеше дека се дефокус

Противуставната уредба на Владата за двојазични полициски униформи, за која Мицкоски тврдеше дека е обид за дефокус на јавноста стапи на сила. Потсетуваме, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ тогаш изјави дека ќе почека екипирање на уставните судии за да ја оспорат одлуката за која и сам вели дека противуставна, но тоа не се случи. Се поставува прашањето дали Мицкоски е во заложништво на ДУИ?

„Темата за двојазичните амблеми на униформите на полицијата е за дефокус на јавноста“, тврди лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но засега не планирал да ja оспорува пред Уставен и вели тоа ќе го оставел на Левица оти имало многу поприоритетни теми во моментот пред кои државата била исправена. Сепак вели ќе го почекал екипирањето на уставните судии за да ја донесат тие одлуката,“ вака беше опишан за ставот на ВМРО-ДПМНЕ по денеувањето на уредбата.

Законот за употреба на јазиците беше клучен договор меѓу Заев и Ахмети за формирање на Владата во 2017-та. Најпрво се предвидуваше и банкнотите и армиските униформи да бидат двојазични, но по реакцијата на експертите, Владата се повлече.

Комплетнипот закон од Венецијанската комисија беше оценет дека излегува од рамките на Уставот.