АктуелноЛокално

(Видео) Левица: Згаснувањето на фашистичкиот клуб е победа на македонскиот народ и антифашизмот

  • Соопштение на Политичката партија Левица

Македонскиот народ денес треба да биде горд што ги одбрана АСНОМ-ските темели на Репубиката, откако вчера одекна веста дека ЗГАСНА клубот именуван по фашистичкиот крвник Ванчо Михајлов!

Македонски народе, кој го крена гласот и се побуни против глорификацијата на фашистичките крвници, кој се мобилизираше и протестираше против газењето на антифашистичките вредности, денес достоинствено покажа дека искрата на антифашизмот на нашите предци уште тлее во сите нас и дека АСНОМ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ЖИВЕЕ!

Левица, како партија во чиј статут е зачувување на АСНОМ-ските вредности, беше единствена партија која организираше ДВА ПРОТЕСТИ во Битола против фашистичкото дувло и која во континуитет алармираше до јавноста за опасноста од ваквите форми на глорификација. По иницијатива на Левица, Уставниот суд оформи предмет за затворање на фашистичкиот клуб Ванчо Михајлов, а битолското Јавно обвинителство оформи предмет по поднесената кривична пријава на Левица.

Му благодариме на македонскиот народ кој масовно ни се придружи на протестите и повторно докажа дека воден од исконската мудрост, секогаш бил и ќе биде на правилната страна на ИСТОРИЈАТА.

СМРТ НА ФАШИЗМОТ – СЛОБОДА НА НАРОДОТ! Ќе победиме!