(Видео) Левица предлага да се дуплира рокот за застареност бидејки во затворите се лежи само за ќебапи

(✅️Говор на пратеникот Димитар Апасиев за предлог-Законот за изменување и дополнување на Кривичниот закон, поднесен од пратениците на #Левица. На денешната собраниска седница, Собранието ја УСВОИ потребата од носењето на овој предлог-Закон во скратена постапка, како прва фаза од собраниската процедура.)

Станува збор за една манипулација на која сме сведоци при гонењето на случаите од висока корупција, кои еден по еден застаруваат. Тоа е така бидејќи имаме спрега на МАФИЈАТА со поткупливите судии. Со цел тоа да се оневозможи во иднина, го предлагаме овој закон, каде застареноста се злоупотребува и криминалците се на слобода, додека во затвор лежат луѓе само за ќебапи.

Наместо застареноста како институт да ги мотивира органите на прогонот да бидат поефикасни, имаме спротивен случај – односно ги мотивира да ги чуваат случаите во фиока со цел застарните рокови да поминат. Целта на овој предлог-Закон е да се ДУПЛИРА рокот на застареност и тој се однесува на двата типа на застареност: и за кривичното гонење и за егзекутивата.

Суштинската промена која ја воведуваме е во апсолутната застареност – каде ние предлагаме за ТРИ пати да се зголеми рокот за застареност, затоа што најголемите корупциски случаи застаруваат по овој основ.

Незастраливоста на кривични дела со овој предлог-закон ја прошируваме со уште четири глави: Kривични дела против имотот, Kривични дела против јавните финансии, Kривични дела против државата и Kривични дела против службената положба и овластување – со цел да не можат функционерите да бидат амнестирани.”