Бизнисот ја ништи природата – Левица на средба со граѓаните од Горно и Средно Коњари

  • Соопштение на Политичката партија Левица

Жителите на селата долж текот на реката Пчиња цела деценија се соочуваат со еколошка катастрофа која задира во квалитетот и условите за живот на ова подрачје.

Пратеникот во Собранието Борислав Крмов, членот на Президиумот Реџеп Исмаил и портпаролот на Левица Амар Мециновиќ вчера беа во посета на селата Горно Коњари и Средно Коњари каде плодното земјиште околу коритото на реката потполно е уништено при експлоатација на песок.

Во непосреден контакт со жителите од овие села, кои се соочуваат со неверојатен притисок од сите инстанци на власт, разговаравме за голготата која сите месни заедници по течението на реката ја поминуваат.

Под превезот на уредување на речното корито се врши предаторска експлоатација на песок која ја уништува плодната почва и ги контаминира подземните води кои селаните ги користат за пиење.

Левица е секогаш на страната на селаните, работниците и обесправените, и во отсуство на слух од централната власт, како и од градоначалниците на општините во ова подрачје, се залагаме за крајно решение, реставрација и одговорност за стореното.