АктуелноЛокално

Ѓурчевски: Левица е единствена партија со идеологија

Поранешниот полициски началник и голем експерт во безбедносната сфера, Љубомир Ѓурчевски во своето гостување во Радио Лидер посочи дека политичките партии во Македонија се до таа мера искриминализирани што повеќе немаат своја идеологија.

Единствна политичка партија која Ѓурчиновски ја издвојува како партија со своја идеологија е токму Левица.

Политичките партии во Македонија ни се до таа мера искриминализирани да они немаат идеологија и не се засновани на идеологија. На нивна определба дали сме лево, десно или центар. Можеби Левица држи до нешто ама Левица е плукана од сите. Факт е дека Левица држи една позиција во која што јас се согласувам со нив за една работа дека без решено национално прашање и тврдо почитување на националниот идентитет и националните обележја нема идеологија. Нема идеологија. Значи ние можеме да градиме идеологија ама националното си е национално, вели тој.

Ѓурчиновски ја коментираше и улогата на Христијан Мицкоски како претседател на најголемата опозициска партија во Македонија посочувајќи дека тој е задолжен само да го гуши отпорот на македонскиот народ против власта.

  • Текстот е превземен од infomax.mk