АктуелноЛокалноСтав

Роза Луксембург и гласот на жената низ призмата на класната борба

Пишува: Ивана Стоименовска – член на ЦК на Политичката Партија Левица и советник во Општина Карпош.

Нам секако ништо не ни недостига, жено, дете,

освен се она што низ нас расте,

да се биде слободен како птица:

само време!

 

На 5 ти март, пред 151 година е роден револуционерниот социјалист Роза Луксмебург. Во нејзина чест, би сакала да ја одбележиме историската улога на Роза Луксмебург во нејзината револуционерна борба за социјалистичка и работничка правда. Таа е познат марксистички деец, теоретичар и политичар. Заедно со нејзината пријателка Клара Цеткин и Ема Голдман ја воделе борбата за еднакви можности и правото на глас на жената.

Несомнено е дека проблемот со женската опресија и класната поделеност се испреплетени и врзани, па така историски гледано гласноста преку феминистички јазик е канализирана преку овие социјалистки. Многу е важно да се нагласи дека прашањето на жените не може да се раздели од класната поделеност или класниот проблем во целото општество. Во 1970 година главна парола на група феминистки беше‘‘Redstockings‘‘ (црвени чорапи) „Класната борба е борба на жените! Борбата на жените е класна борба!“

Роза Луксембург ја поддржуваше реформистичката активност (во смисла на класна борба), а целта на овие реформи била да се изврши револуција. Таа нагласувала дека бескрајните реформи трајно би го поддржувале владеењето на буржоазијата, долго време по можноста преку пролетерска револуција да се почне да гради социјалистичко општество.

Таа ја поддржа револуцијата во Русија 1905 година и го насочи своето внимание кон случувањата во Русија во тој период, односно конкретно кон социјалистичките движења и подржувајки ја Болшевистичката партија. Во 1906 година го подржува „Масовниот штрајк“ како најважно револуционерно оружје на пролетаријатот.

Во нејзиното дело „Акумулација на капиталот‘‘ го објаснува движењето на капитализмот во насока на империјализам. Тоа дело го напишала малку пред почетокот на Првата светска војна каде истовремено и храбро застанува против социјал-шовинистичкото гледиште на германската социјалдемократија, која ја поддржуваше германската агресија и припојувањето на други земји. Убиена е на 15 јануари заедно со Карл Либхент и Вилхем Пик предводници на Германската комунистичка партија.

Роза Луксмебург заедно со нејзините партнери имале есенцијална улога во артукулирање на женскиот глас, иако во ист период бројни револуционерни фигури во тие историски околности биле водачи и артикулатори на гласот на опресираниот народ независно од вера, род и раса.

Во историски контекст борбата на жените целосно се водела во врзан контекст на класна сегрегација за што претходеле низа револуционерни настани и многу е тажно што во денешно време борбата за женските права се сведува само на родова поделеност и се нотира родовата сензитивност. Тежината на целата битка од страна на опресираните се поедноставува и тоа најмногу од прозападните либерални и НГО пропаганди, врзувајќи го женското прашање само на бедни флоскули.

Реалноста е сосема друга. Додека западната демократија го користи 8 ми март за пропагирање на еднакви можности на жените и мажите, сѐ уште имаме класна сегрегација меѓу жените. Додека едни се амбасадорки, директорки, бизнис претприемачки, на другата страна ги имаме хигиеничарките, собарките и текстилните работнички. Додека едните се чудат колку пати во месецот да посетат некоја луксузна дестинација, другите се чудат како да врзат крај со крај за да го прехранат семејството. 

И да не генерализирам, но знаеме дека многу од тие што работат како собарки и хигиеничарки имаат иста образовна биографија како и многу од бизнис елитите. Разликата е тоа што едните се дел од црвената буржоазија и има кој да им даде ветер во грб, додека другите се оставени сами на себе и на својата борба. Борбата на жената во денешницата треба да се насочи токму кон намалување на тие разлики кои што се основниот тригер за интензивирање на чувството на онеправданост, гнев и фрустрација.

Во тој контекст би сакала скромно да дадам придонес во артиклуцијата на женскиот глас, но и да го потенцирам историскиот контекст од кој произлегол пред сѐ преку Роза Луксмебург чија револуционерна борба ја плати со нејзиниот живот.