АктуелноЛокално

Апасиев: Варварски и расистички е тоа што Макрон го користи терминот „балканизација“ во Африка

По посетата на Конго, францускиот претседател Емануел Макрон рече: „Нема грабежи, нема балканизација, нема војна во Демократска Република Конго“. Изјавата не би била контроверзна доколку во неа не се спомене терминот „балканизација“, кој е, во најмала рака, навредлив за жителите на Балканот.

Посетата на Конго е дел од турнејата на францускиот претседател низ Западна Африка, во која тој имаше намера да го промовира наводно новиот пристап на Франција кон нејзините поранешни колонии.

За време на посетата на Демократска Република Конго, Макрон ја осуди групата М23, која води бунт против државата на исток, а се верува дека има поддршка од соседна Руанда.

„Нема грабежи, нема балканизација, нема војна во Демократска Република Конго. Франција никогаш не се помири со фаталноста на историјата, ниту со ужасот на војната“, напиша Макрон на Твитер.

Користењето на терминот „Балканизација“ има целосно негативен контекст, звучи расистички и е потценување за секој еден човек кој живее на Балканот, оценува професорот Димитар Апасиев. Тој, револтиран од ваквата терминологија на својот фејсбук профил напиша:

Макрон (кој прво не’ убедуваше да гласаме за Преспански, за потоа да ни стави вето за ЕУ), при посета на Конго во Африка, го употреби зборот „балканизација“ за да каже дека и една афричка држава е на прав пат, за разлика од Западен Балкан.

p.s. Е овие расисти, кои во нас гледаат дивјаци и варвари, се третирани како полубогови од клапата на Маричиќ и неговите соросписки еуфундаменталисти.