Захарова: Американска компанија достави контејнери со радиоактивна супстанција во Одеса

  • Коментар на официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Русиjа Мариjа Захарова за подготовка од страна на режимот во Киев на провокација со употреба на радиоактивни материјали:

Го обрнавме нашето внимание на информациите што кружат во некои украински медиуми, интернет ресурси и социјални мрежи за испорака на радиоактивни материјали до пристаништата на Одеската област.

Според овие податоци, на 16 февруари кон пристаништето во Черноморск од територијата на една од европските држави биле испорачани контејнери со радиоактивни материи и англиски ознаки, заобиколувајќи ја царинската инспекција.

На 19 февруари, еден од суви товарни бродови достави до пристаништето во Одеса слични контејнери со радиоактивна супстанција „Калифорниј-252“, која, како што е соопштено, активно се користи за проверка на целосност на нуклеарните реактори во нуклеарните централи. Во текот на неговото прифаќање, во пристаништето системот за радиоактивниот мониторинг беше исклучен.

Како резултат на новинарска истрага, утврдено е дека снабдувач на оваа радиоактивна супстанца е американската компанија „Frontier Technology Corp.“, која произведува контејнери за радиоактивни изотопи, особено извори на неутронска радијација.

Украинските блогери изразија стравување дека може да станува збор за некои компоненти за опремување муниција, па дури и за производство на „валкана бомба“.

Претходно, Министерството за одбрана на Русија го привлече вниманието на провокацијата што ја подготвува режимот во Киев со цел да ги обвини Вооружените сили на Руската Федерација за наводно нанесување неселектирани удари врз радијактовно опасни објекти што може да доведат до истекување на радиоактивни материи и контаминација на територијата.

Ги повикуваме надлежните меѓународни организации да обрнат големо внимание на овие информации. Го предупредуваме режимот во Киев и неговите западни спонзори на какви било непромислени дејства што ги загрозуваат животите и здравјето на илјадници цивили.