АктуелноИнтернационално

Ванг Венбин: САД е најголем предизвикувач на војни во светот

Повеќе од јасно е дека монополарниот свет полека но сигурно ја привршува својата историска епоха, а главниот противник на Колективниот запад, правуван со седиште од Вашингтон знаците на немоќ ги испраќа преку обвинувања во континуитет, во кои, зад се што се случува во светот главен негативец мора да биде Пекинг.

Темите за обвинувања не се толку битни, некогаш тоа се човековите права, некогаш трговски цаки, некогаш клима, недостаток на демократија и т.н., и во главно оттсуството на било каква аргументација во овие обвинувања е секогаш видно, но ваквата драматургија кулминира кога САД ќе ја обвинат Кина за некакви воени замешателства.

По последните вакви обвинувања се огласи Ванг Венбин, портпарол на кинеското МНР, во прилог ви пренесуваме делови од ставовите кои тој ги искажа:

„Она што загрижува е деструктивното влијание на САД врз светскиот мир и стабилност. Америка е најголемиот произведувач на војни. Во својата 240-годишна историја, САД не војувале само 16 години.

САД ги иницираше 80% од вооружените конфликти во светот од крајот на Втората светска војна. САД најмногу го крши суверенитетот на другите земји и се меша во нивните внатрешни работи. По завршувањето на Втората светска војна, САД се обидоа да срушат повеќе од 50 странски влади, насилно се вмешаа на избори во најмалку 30 земји и се обидоа да убијат повеќе од 50 странски лидери.

САД сè уште се најголемиот извор на конфликт. Војните на НАТО во Авганистан, Ирак и Сирија под водство на САД резултираа со смрт на повеќе од 900.000 луѓе и 37 милиони бегалци.

Сè додека траат американските хегемонистички политики и насилнички тенденции, во светот нема да има мир.“