Лавров: Русија и НР Кина имаат далекусежни планови за развој на билатералната соработка
Русија и НР Кина имаат далекусежни планови за развој на билатералната соработка, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
На почетокот на првата лична средба со кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг на маргините на Г-20, Лавров уште еднаш му честиташе на кинескиот министер за неговото назначување на оваа функција, изразувајќи уверување дека ќе обезбеди „континуитет и прогресивен напредок во сите договорени области од страна на лидерите, вклучително и трговската и економската, културната сфера“.
„Имаме многу далекусежни планови за развој на билатералната соработка и секако богата надворешнополитичка агенда,особено ако се земе во предвид улогата на Русија и НР Кина како стабилизирачки фактор во системот на меѓународните односи“, додаде Лавров.