АктуелноЛокално

Поради неисплатената плата најавен протест на вработените во „8-ми Септември“

Незадоволни од доцнењето на платите, дел од вработените во ГОБ 8 Септември излегуваат на мирен протест. Протестот се одржува во понеделник, во дворот на болницата, за време на паузата од 13 до 13.30 часот, медицинскиот персонал ќе го изрази својот револт поради проблемите со ФЗОМ.

Премиерот Ковачевски од Минхен каде присуствува на тамошната безбедносна конференција ги повикува здравствените работници на трпение. Тим од домашни и странски експерти, како што потенцира, работат на решавање на проблемите со хакираниот систем на Фондот. Вели, пари во Буџетот за плати има, но се бара начин како да се префрлат кај работниците.

Репрезентативниот синдикат на здравствените работници утре напладне ќе одржи состанок на кој, во зависност од состојбата, ќе одлучи како ќе постапи. Не се исклучува можноста од протести во текот на наредната недела.