Орбан: EУ е во индиректна војна со Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во саботата изјави дека Европа „индиректно е во војна со Русија“, бидејќи неколку европски земји ветија дека ќе испратат борбени тенкови за да и помогнат на Украина. Во обраќањето до нацијата, тој додаде ЕУ има своја кривица поради продолжувањето на руската воена интервенција во Украина.

„Токму во овој период Европа навлегува во војната и прави опасен чин на балансирање“, кажа Орбан во обраќањето до нацијата,. „Всушност, тие веќе индиректно војуваат со Русија„ -додаде тој.

Според Орбан, војната во Украина не е конфликт меѓу армиите на доброто и злото, туку меѓу две словенски држави кои се борат една против друга. На овој конфликт тој гледа како војна помеѓу две словенски држави, во која сосема е непотребно Западот да се меша.

„Кога Русија го започна својот напад, Западот не го изолираше конфликтот, туку го подигна на паневропско ниво“, – рече Орбан.

Орбан истакна дека Унгарија, иако е дел од Западниот свет, членка на НАТО и на ЕУ, тие се единствената земја која не ја поддржува војната или барем се однесуваат така.

Во последниве месеци, унгарскиот премиер остро се спротивстави на неколку рунди санкции на ЕУ против Москва, тврдејќи дека тие им наштетиле на европските економии повеќе отколку на Русија.

Земјата одби да обезбеди воена помош за Украина или да дозволи таа да биде пренесена преку нејзините граници и запре некои напори на ЕУ да обезбеди пакети финансиска помош за Киев.