Народната банка ги зголеми каматните стапки за 0,5 процентни поени
Народната банка (НБ) ги зголеми каматните стапки за дополнителни 0,5 проценти поени (п.п.). Ова е одлучено на редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.
На седницата на Комитетот беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,5 п.п. до нивото од 5,25 проценти. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари. Во согласност со зголемувањето на основната каматна стапка, ќе се применува и повисока каматна стапка на кредитот преку ноќ. На седницата беше донесена одлука за зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити преку ноќ и на седум дена, исто така за по 0,5 п.п. Овие каматни стапки ќе се применуваат од 15.2.2023 година, информираат од НБ.
Со овие промени, како што нагласуваат, Народната банка и на почетокот на оваа година продолжува со затегнување на монетарната политика, што започна уште од крајот на 2021 година, преку примена на повеќе инструменти, заради одржување на стабилноста на девизниот курс и стабилизирање на инфлацијата на среден рок. Досегашните измени во монетарната политика, во главно претставуваат удар по џебот на граѓаните..