150 километри во чест на таткото на македонската нација – Гоце Делчев

  • Соопштение на Политичката Партија Левица

На 120 години од загинувањето на најголемиот наш револуционер и Татко на македонската нација – Гоце Делчев, #Левица по трети пат го одржа тридневниот марш во негова чест од 150 километри од Гевгелија до вечното почивалиште на Великанот во цркавата Св. Спас во Скопје.

Kако и минатите години, маршот го предводеше советникот на Левица од Гевгелија Саше Јанчев, овој пат во придружба на членот на Президиумот Реџеп Исмаил, портпаролот Амар Мециновиќ и координаторот на Секторот за надворешна политика Александар Симонов.

Макотрпниот пат кој заедно го одиме во чест на неговото херојство и жртва, дава насока во која Борбата води кон победа, во која истрајноста и непоколебливоста на волјата се пресудни – на што нѐ учат Гоцевите идеали.

🇲🇰 Вечна слава Учителе!