АктуелноЛокално

(Видео) Деновите на народната власт никогаш поблиску

  • Целосно гостување на Генералниот Секретар на #Левица Јована Мојсоска во емисијата „Утрински Печат“.

Црните кампањи на двете најголеми партии од естаблишментот се веќе видени сценарија против работнички партии во обид за дисредитација. Сепак, моделите за овие кампањи кои ги увезуваат од странство, не се применливи на ова поднебје и изгледаат смешно. Во моментов Левица се движи кон освојување на 15 пратеника во Собранието и тоа им причинува нелагодност, бидејќи знаат дека со нас нема да можат лесно да се договорат.

Оние кои не нарекуваат рубља патриоти, се навикнати да ја задолжуваат државата со стотици милиони евра или долари, за потоа нашите деца да ги исплаќаат тие долгови додека нивните ќе се школуваат на престижни универзитети.

Ние сме за ЕУ, но не по секоја цена! На НАТО му помина рокот на траење, и Европа треба да се оттргне од тесните интереси на НАТО и да создаде сопствени безбедносни сили.“