Кина со анти-колонијален ултиматум до Франција?

„Колонијалниот пакт“ (познат и како „Ексклузивниот режим“) е систем со кој Франција и денес паразитски живее од „поранешните“ колонии. Со системот државите во Африка кои биле колонии на Франција смеат да тргуваат ексклузивно со и преку Франција и мораат да ги депонира резервите во Банката на Франција.

Кина, која поседува 40% од производството на нафта во Конго, мора средствата во Конго да ги префрла преку Франција, што го успорува производството и ја ослабнува кинеската валута, јуанот. Нормално, ова е спротивно на интересите на Кина.

Според изворите во кинеската влада, на HowAfrica, одржувани се тајни средби помеѓу кинески и француски претставници со цел да се стави крај на „Колонијалниот пакт“ на дел од француските нео-колонии, оние кои се од најголем интерес за Кина. Со ова 6 од 14 земји би престанале да и плаќаат колонијален данок на Франција.

Според изворите, Кина и дала на Франција ултимативен рок од пет години да го прекине пактот со шестте земји, во спротивно ќе следуваат сериозни економски санкции. Засега Франција не покажува интерес да стави крај на нео-колонијалниот систем.