Нашиот непријател не е ниту Кина ниту пак Русија – нашиот непријател е воено-индустрискиот комплекс на САД!
„Гледаме како сите врескаат за тоа колку лош човек бил Путин заради инвазијата на Украина а САД моментално држи под окупација една третина од Сирија. И, погодете која третина е тоа? Па секако, онаа каде што е нафтата. Од каде знам дека сме таму за да им ја земеме нафтата? Поради тоа што Претседателот на САД самиот рече така.“, вели политичкиот коментатор Џими Дор како гостин во емисијата на познатиот новинар Такер Карлсон.
Ние сме оние што ја провоциравме војната, како што ја провоциравмее онаа во Украина, сега провоцираме војна со Кина.
Кој има ќар од тоа? Веднаш ќе ви кажам. Непријателот не е Русија, не е Кина, непријателот е воено-индустрискиот комплекс што ја цица оваа земја со стотоци милијарди и трилиони долари.
Воената машина не може да биде сопрена. Кој владее со оваа земја? Воената машина. Сигурно не е Џо Бајден оној што ги носи овие одлуки. Би сакал да знам кој ги носи овие одлуки и би сакал да ги потсетам сите дека САД се светскиот терорист.
Го палевме Блискиот Исток во последните 20 години, а сега водиме прокси-војна во Украина, што ние ја предизвикавме, НАТО ја предизвика, и за која само што признавме дека сме ја провоцирале преку поранешната германска премиерка.
Уште еднаш, Кина нема да нè нападне, Кина не е наш непријател, ние можеби со неа сме во економска војна и токму за тоа се работи. Ова се економски војни. Во Украина се работи за течниот природен гас и осигурувањето дека Германија и Русија никогаш нема да се спојат, затоа што се плашиме да се здружат руските природни и човечки ресурси и германската технологија и капитал.
Затоа го уништивме гасоводот Северен тек, затоа ја водиме војната во Украина, сето ова е заради хегемонија, империјализам и економија. И ако некаде имаме маринци, тоа е затоа што сакаме да украдеме природни ресурси од друга земја.